| четврток, 6 декември 2018 |

По примерот на Лозово: Ергените во Дебарца ќе добијат 30 илјади денари кога ќе се оженат

Stari-ergeni-devojki-1

Ергените од Дебарца ќе добијат 30 000 денари за склучен брак.  Така одлучи советот на последната седница на оваа општина со идеја потикнување на сите оние кои имаат над 35 години што поскоро да стапат во брак, a воедно и зголемување на наталитетот.

Дебарца е една од помалите општини во државава со 5500 жители но по површина една од најголемите со 30 населени места.

По примерот на останатите општини кои ги субвенционираа неженетите истото ќе го применува и Дебарца.

Станува збор за еднократна помош, која ќе ја добијат по стапувањето во граѓански брак. Со доставување документ во општинските служби, ергените кои ги исполнуваат условите, ќе го добијат паричниот надомест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top