Во неделата се одржа најмасовниот аеробик настан во Битола на отворено – „Фит ап опен аеробик“ во организација на „Бимилк“ и аеробик клубот „Енерџи спорт“.
На исполнетото ракометното игралиште во Битола, под водство на професионални зумба и аеробик тренери, низ забава и музика, активно учествуваа над 400 граѓани и воедно исто толку го следеа настанот.
Во рекордни три часа, од 18 до 21 часот, беа изведувани вежби во различен ритам и во соодветни техники, вежби сочинети од танц движења и боречки спортови комбинирани во едноставни кореографии за подобрување на координацијата на телото, на аеробната издржливост и функционалните способности, како и за намалување на вишокот килограми.
Истовремено во специјалното детско катче беа присутни и вежбаа најмладите учесници на настанот и тие исто како и повозрасните имаа можност да учествуваат, да се забавуваат и да добијат пакет-подароци од „Бимилк“.
Настанот е организиран со поддршка на новиот ФИТ кремаст јогурт на Бимилк, кој го содржи потребниот сооднос на протеини и јаглехидрати, потребни по секое вежбање.
– Ова е најмасовниот аеробик настан досега во Македонија, на отворено. Во позитивна и забавна атмосфера каде што физичката активност е главен приоритет, сакаме да ги поттикнеме и охрабриме сите граѓани кон редовно вежбање и подобрување на нивната физичка и психичка подготвеност. Во таа насока би ја истакнала поддршката на „Бимилк“, кој покрај организацијата на настанот, обезбеди сет подароци за учесниците и по три бесплатни термини во аеробик клубот „Енерџи спорт“ за оние кои го донесоа картонскиот дел од амбалажата на новиот ФИТ кремаст јогурт“ – изјави Христина Ристoвска, професор по физичка култура и тренер во Енерџи спорт аеробик клубот – Битола.
„Фит ап опен аеробик“ се подготвува да продолжи во Скопје и во другите градови низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.