Резултатите од последниот извештај на бонитетната агенција „Стандард енд Пурс 500“, покажуваат дека стоте најбогати луѓе во светот загубиле на берза 21,3 милијарди долари.
Најголема загуба минатата недела забележал 34-от најбогат човек на светот Карл Икан, чие богатство од 20,4 милијарди долари сега е намалено за 1,3 милијарди. На берзата се „изгорел“ и најбогатиот човек на светот Карлос Слим, кој загубил 700 милиони долари, па сега има „само“ 73,4 милијарди долари.
Вториот на листата со најдлабок џеб на светот Бил Гејтс останал на 66 милијарди долари, и покрај загубите поради лошите перформанси на Мајкрософт.
Сопственикот на шпанска „Зара“, Амансио Ортега и покрај загубата поголема од една милијарда долари, се наоѓа на третото место на најбогатите луѓе на планетава, со богатство од 56,1 милијарда долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.