| четврток, 6 декември 2018 |

Помош за Катастар, изземање од РДТ, приспособени станови, нови мерки за социјално ранливите групи

vlada 1Првата мерка предвидува, корисниците на постојана парична помош да бидат ослободени од плаќање на елаборати за катастар. Потенцијални граѓани кои ќе ја искористат оваа мерка се околу 34.000 приматели на социјална помош и 5.000 на постојана парична помош.

Втората мерка предвидува сите приматели на социјална и постојана парична помош да бидат трајно ослободени на радиодифузна такса. Со оваа мерка трајно ќе се ослободат околу 40.000 семејства, кои по усвојувањето на овој предлог-закон никогаш повеќе нема да плаќаат радиодифузна такса.

vlada 3-Со цел унапредување на состојбата на правата на лицата со попреченост и инвалидност, на денешната седница се донесени неколку одлуки со кои значително ќе се подобри живоот на овие лица, изјави претседателот на Владата Никола Груевски и додаде дека една од мерките е, во иднина сите градби кои ќе се градат да бидат проектирани и изградени со посебно место за непречено движење на лицата со инвалидност.

Втората мерка како што нагласи Груевски, предвидува секоја градба наменета за станбено домување во која има 10 или повеќе станови да биде приспособена за пристап и движење на лицата со попреченост, како и еден на 10 станови да биде прилагоден за живеење на лица со попреченост и инвалидност.

vlada 4-Со оваа мерка се предвидува и хоризонтална и вертикална сигнализација во лифтовите за непречено движење на слепите и слеповидните лица, додаде Груевски.

Третата мерка предвидува, сите пешачки патеки и јавни површини кои ќе се градат во иднина да имаат и патека за движење на слепите лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top