| четврток, 6 декември 2018 |

Само 25 проценти од Грците ова лето ќе одат на одмор

Само 25 проценти од грчките граѓани во текот на ова лето ќе одат на годишен одмор, покажуваа анкетата на Групата за заштита на правата на потрошувачите ИНКА, чиишто резултати денеска ги објави весникот „Катимерини“.

Со истражувањето, спроведено од 2 до 16 јуни, се опфатени 791 анкетирани лица, од кои само 198 ќе посетат некое туристичко место во текот на ова лето.

Од тие што одморот ќе го минат во нивните домови, 15 проценти изјавиле дека го прават тоа поради финансиската состојба, а 10 отсто се „оправдале“ со „професионални ангажмани“.

Од анкетираните кои ќе си дозволат одмор, 40 проценти посочиле дека одморот нема да им трае повеќе од пет дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top