Само 25 проценти од грчките граѓани во текот на ова лето ќе одат на годишен одмор, покажуваа анкетата на Групата за заштита на правата на потрошувачите ИНКА, чии резултати денеска ги објави весникот „Катимерини“.
Со истражувањето, спроведено од 2 до 16 јуни се опфатени 791 анкетирани лица, од кои само 198 ќе посетат некое туристичко место во текот на ова лето.
Од оние кои одморот ќе го минат во нивните домови, 15 проценти изјавиле дека го прават тоа поради финансиската состојба, а 10 отсто се „оправдале“ со „професионални ангажмани“.
Од анкетираните кои ќе си дозволат одмор, 40 проценти посочиле дека одморот нема да им трае повеќе од пет дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција