
Во текот на овој месец Македонската банка за поддршка на развојот ќе ја пласира и четвртата транша на поволни кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) наменeта за македонскиот деловен сектор.
Оперативниот директор на Македонската банка за поддршка на развојот, Бесим Билали денеска информира дека со четвртата транша ќе бидат пласирани нови 100 милиони евра, а е потпишана во декември минатата година.
– Третата транша ја завршивме пред еден месец и новиот договор за четвртата транша е потпишан на 31 декември 2013 година. Веќе сме во фаза на прибирање апликации, имаме многу апликации и тие за брзо време ќе бидат исплатени и реализирани од реалниот сектор – изјави Билали.
Според него, македонските фирми веќе понудиле квалитетни проекти и има многу приспособливи компании, кои можат да спроведат нови технологии и програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


