Фернандо Вердаско го направи најголемиот успех на ланското издание на Вимблдон со пласман меѓу осумте најдобри тенисери, а денеска се збогува со настапот уште на стартот од лондонскиот гранслем-трунир. Со победа од 3-1 во сетови Шпанецот го изненади Маринко Матошевиќ од Австралија. Во дуелот на двајцата играчи кои подобро играат на земјени терени отколку на трева, Матошевиќ беше подобар и го елиминира 18. носител.
Мини-изненадување приреди и Белгијката Јанина Викмаер со елиминација на 17-рангираната фаворитка Саманта Стосур. Викмаер имаше подолга пауза од тениските терени, но таа има игра за трева и заслужено се пласира во втората рунда со успех против тројната финалистка на Вимблдон во игра на двојки, Стосур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


