Македонскиот фудбалски шампион Работнички за противник во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите го доби финскиот шампион Хелсинки.
Жрепката одржана попладнево во Нион на нашиот шампион му го донесе, според рејтингот, најслабиот можен противник, што значи убава можност за пласман во следното коло.
Првиот натпревар ќе се одигра на 15 или на 16 јули во Скопје, а реваншот во главниот фински град е седум дена подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


