За да ја поддржи непрофитната организација Фондација за истражување на сидата (amfAR), славниот француски дизајнер Жан Пол Готје дизајнирал чанта со препознатливите морнарски риги, која ќе се продава екслузивно во Блумингдејлс. Целиот приход од продажбата ќе оди како помош за истражувањата, превенцијата и борбата против СИДА.
Промотивниот изглед е во знак на неодоливата германска русокоса, 41-годишната Хајди Клум, која позирала гола, „облечена“ само во прекрасната чанта на Готје.
Цената на чантата изнесува 35 американски долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.