И најмалата количина млеко е доволна да го намали или целосно да го блокира ефектот на некои антибиотици и лековите против појавата и ширењето на остеопорозата.
Различните комбинации на храна и лекови може да имаат бројни несакани ефекти, но повеќето луѓе никогаш не би ни помислиле дека еден од „виновниците“ за тоа е и млекото.
Претставници на Германското здружение на фармацевти објасниле дека калциумот од млекото во дигестивниот тракт се врзува за одредени лекови, создавајќи помалку растворливи соединенија кои циркулаторниот систем не успева да ги апсорбира.
Поради тоа, германските фармацевти ги предупредуваат купувачите по земањето антибиотици и лекови против настанување и ширење на остеопорозата да почекаат два часа пред консумирањето млеко.
Меѓу останатите интеракции се истовремено консумирање сладунец и лекови за висок крвен притисок бидејќи оваа билка содржи супстанции кои влијаат врз зголемувањето на крвниот притисок. Покрај тоа, оваа билка го стимулира ослободувањето на калиум преку бубрезите, што може да доведе до слабееење на мускулната маса.
На луѓето со висок крвен притисок им се препорачува консумирање помали количини или избегнување на сладунецот.
Пациентите кои земаат антикоагуланси би требало да избегнуваат консумирање на гоџи бобинки, кои се добри за имунитетот, но во интеракција би можеле да предизвикаат крвавење.
Грејпфрутите би требало да го избегнуваат пациентите што земаат лекови за регулација на концентрацијата на холестерол во крвта и оние за зајакнување на имунолошкиот систем, на пример лековите кои зе земаат по трансплантација на органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.