| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет дена притвор за „спајдерменот“ што ограби пошта и обложувалница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 31-годишниот скопјанец Љ.А. за сторено кривично дело разбојништво.

На 10 јуни годинава околу 21.20 часот, на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, пријавениот, маскиран со детска пластична маска „спајдермен“ влегол во спортската обложувалница „Спорт лајф“, лоцирана во трговскиот центар „Три бисери“ и со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената, одземајќи од неа 16.000 денари.

Инаку, Љ.А. е пријавен и за разбојништво извршено на 18 јуни, во ЈП „Македонски пошти“.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top