| четврток, 6 декември 2018 |

Вицепремиерот Ставрески на Македонско-бугарски бизнис експо денови

stavre

Зголемување на економската размена и интензивирање на меѓуграничната соработка се главни теми на Македонско-бугарските бизнис експо денови
што ќе се одржуваат денеска и утре во Штип и во Кочани.
Пред дваесетина градоначалници од двете земји и претставници на 50 компании ќе бидат презентирани финансиските потенцијали и условите за кредитирање од страна на двете државни банки за развој.
На форумот ќе присуствува вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Најавен е и заменик-претседателот на Владата на Република Бугарија задолжен за економски развој, Даниела Бобева.
Компании од Македонија и Бугарија ќе постават свои штандови на платото пред Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – Ново Село. Деловните партнери од двете држави се очекува да остварат и непосредни деловни контакти. Во Кочани ќе се организира панел-дебата за заеднички проекти од меѓуграничната соработка, нивно финансирање и поголема искористеност на фондовите од ЕУ за оваа намена.
Организатори на експо деновите се Македонско-бугарската стопанска комора, општините Штип и Кочани, Центарот за развој на источнопланскиот регион и Универзитетот „Гоце Делчев“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top