| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанската комедија „Вештерките од Зугарамунди“ од 3 јули во кината во Македонија

Witching-and-Bitching_304x171

Новата комедија на познатиот режисер Алекс де ла Иглесија „Вештерките од Зугарамунди“, со примеси на хорор-филм, пристигнува во домашните кина од 3 јули. На овогодишното доделување на шпанските национални филмски награди „Гоја“, „Вештерките од Зугарамунди“ освоија осум признанија. Филмот ги собира најпопуларните шпански актери, како Хуго Силва, Марио Касас, Пепон Нието и Каролина Бенг.

Хозе (Хуго Силва) и Антонио (Марио Касас) се жртви на големата економска криза. И двајцата останале без работа. Едниот е разведен и плаќа алиментација, а другиот е индиспониран бидејќи девојката му е успешна адвокатка која секој ден очекува по враќањето од работа да ја чека ручек на масата. По комичниот грабеж во кој учествуваат уште две џуџиња и малолетното дете на Хозе, почнува бркотница без крај. Бегајќи од полицијата, заедно со киднапираниот таксист и неговиот клиент, стигнуваат во градот Зугарамунди опкружен од мрачните шуми на Навара, каде што живее племето жени-вештерки (Кармен Маура, Каролина Бенг, Сантијаго Сегура), кое се храни со машко месо.
„Вештерките од Зугарамунди” е црна хорор-комедија, која ги преиспитува машко-женските односи и радикалниот феминизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top