Лекарите што вршат трансплантации и персоналот што им помага ќе имаат посебен додаток од две празнични дневници, истакна премиерот Груевски при гостувањето во „Дневник 2“ на МРТ1.
– Тие ќе имаат посебен додаток, и лекарите и персоналот. Лекарите, донаторите на органи и ткива, како и донаторите на крв ќе бидат доживотно ослободени од партиципација при лекување – истакна Груевски.
Доколку некој лекар во помала средина врши за него посложена дијагноза или интервенција, во иднина ќе треба да го прави тоа во консултација со специјалист. Ќе мора да изврши консултација со поискусен лекар.
– Тоа е светска практика, која ние се стремиме да ја спроведеме во Македонија – додаде премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски