Премиерот Никола Груевски во вечерашното гостување во Дневникот на МРТ истакна дека на првата владина седница, во петокот, се донесени потребните одлуки со кои започнува процесот на набавка за поливалентни вакцини.
-Процесот на набавка ќе трае околу една година, така што во вториот квартал следната година би требало тие да се пристигнати и во употреба. Ќе биде од корист затоа што ќе има помалку боцкања за децата до 2 години, наместо 13 како што е досега ќе се сведат на 7, помалку одење кај лекари, повеќе време лекарите побрзо да им закажат на другите пациенти -нагласи Груевски.
Премиерот истакна дека за набавката на овие вакцини се испланирани околу 380 милиони денари, а овие долгоочекувани вакцини се проект кој владата го ветила и веднаш по изборите работи на негова реализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски