| четврток, 6 декември 2018 |

„Сатаната“ на Путин – најмоќното оружје во историјата на човештвото (ВИДЕО)

Русија во состојба на борбена готовност ги стави своите сили во Централниот воен округ. Традиционално, рускиот претседател Владимир Путин нареди ненадејна воена вежба за да се утврди воената готовност на руската армија.

putin-raketa

Вежбата вклучува преместување на воениот персонал, стрелачки вежби и сложени инспекции, рече министерот за одбрана, Сергеј Шоигу. Вежбата ќе се одржува од 21 до 28 јуни.

Учествуваат 65.000 војници, 5.500 воени возила, 180 авиони и 60 хеликоптери, јави новинската агенција Интерфакс.

Првите 24 часа ќе се проверува подготвеноста на војниците за итно заминување на борбена мисија. После тоа, се оди со тактичка обука и пукање. Воздухопловите ќе се преселат да се провери нивната подготвеност за нови локации. Централниот воен округ се протега помеѓу реката Волга, Урал, Сибир, Карско море се до степите на границата со Казахстан.

Овие вежби се покажување на мускули на Русија кон Запад и обратно, откако НАТО силите во исто време започна со одржување на “воени игри” во балтичките земји.

И Русија, како САД, се потпира на т.н.. нуклеарна тријада. Тоа го потврди и самиот Путин кој рече дека нуклеарната тријада, се состои од стратегиски бомбардери, интерконтинентални балистички проектили и балистички ракети истрелани од подморници, кои се основа на Руската одбрана.

Еден од проектилите е особено интересен за јавноста и има име “сатана”. Руските медиуми по почетокот на украинската криза ги актуелизираа приказните за ова оружје. Според нив, во историјата на човештвото не постоело волку моќно оружје како “Сатаната” – руска интерконтинентална балистичка ракета, чие вистинско име е R-36M2 Дјук. Името “сатана” и го даде НАТО, кој ја нарекува СС-18 сатаната III. За да се свати разорната моќ на оваа ракета, ја споредија со нуклеарна бомба која беше фрлена врз Хирошима.

Бомба фрлена на Хирошима имаше сила од 15 килотони (kt) и од нејзината експлозија загинаа 70.000 луѓе. Еден проектил Р – 36M2 носи до 10 боеви блокови од кои секоја има сила од 750 kt. Некои од ракетите се опремени со боев моноблок чија деструктивна моќ е 20.000 килотони.

“Сатаната” е тешка дури 209 тони, тоа е многу прецизна, Русите велат би можела да стигне точно во  американските ракетни силоси.

Што се однесува за останатите два дела од тријадата, од руската подморница се заканува балистички проектил Р-29RMU2 лајнер. 40 тони тешкиот и 15 метри долгото “чудовиште” може да го носи 12 нуклеарни боеви глави. Тие од неодамна се дел од нуклеарниот арсенал на Русија. Од воздухопловните сили тука е легендарниот Туполев – суперсоничен Ту-22m и Ту-160 стратешки бомбардер со долг дострел Ту-95.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top