| четврток, 6 декември 2018 |

В среда сите на велосипед

точак

Возењето велосипед секојдневно е славење на животот, славење на чистиот воздух, на слободното движење и затоа в среда ќе се одржи акцијата „Извади го точакот од гаража“ во центарот на Скопје со почеток во 17,30 часот. Зборното место е платото покрај Владата на Република Македонија, до мостот „Гоце Делчев“. Организатор на настанот кој се одржува секоја последна среда во месецот е Критична маса. Вакви органаизирани настани на групно возење велосипед има во сите светски метрополи.

– Понесете балони, понесете миленичиња, деца, дечковци, девојки….вашите пријатели, луѓе кои ги сакате! Поттикнете ги да извозат еден круг со нас. Нека ја откријат повторно магијата на возењето велосипед! Скоро и да нема човек кој не знае да вози велосипед! А и да не знае, лесно ќе научи и уште полесно ќе се вљуби во тоа! – велат од Критична маса.

Условите за возење точак во Скопје не се нешто мотивирачки, но сообраќајните гужви, зголемувањето на цената на горивата, поголемата еколошка свест, тенденциите кон поздрав начин на живеење и сфаќањето дека велосипед е супер превозно средство си го прават своето…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top