Неколку тинејџери и едно дете, кои седеа на северната трибина, беа повредени на концертот на Жељко Јоксимовиќ на арената “Филип Втори”, кога врз нив панда рефлектор. На раскрвавените тинејџери со гребаници по лицето и телото, веднаш им беше укажана помош од медицинските лица, кои со возила на брза помош дежураа на стадион, пишува Вест.
– Заедно сме цело друштво и имавме карти за северна трибина. Бевме занесени со играње и пеење кога врз нас почнаа да паѓаат парчиња од нешто. Паднаа и врз едно помало дете кое беше заедно со родителите. Се исплашивме, не знаевме што е, но подоцна видовме дека се откачил еден од рефлекторите на кровната конструкција. Ќе беше многу страшно ако врз нас паднеше целиот рефлектор. За среќа, беа само парчиња, па поминавме со гребаници – раскажа за Вест еден од повредените тинејџери.
Фотографиите можете да ги погледнете на сајтот на ВЕСТ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



