| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија плаќа на имигранти да се вратат во своите држави

Австралија плаќа илјадници долари на бегалци да се откажат од барања за азил и да се вратат во своите држави, јави ДПА.

imigranti

Сумата зависи од државата – според медиумите, Либанците добивале максимум од 10.000 австралиски долари (9.338 американски долари). Иранци добивале 7.000, а на Авганистанци им се нуделе 4.000 австралиски долари. Пакистанци и жители од Шри Ланка добивале помалку.

Според министерот за имиграција Скот Морисон, тоа било стандардна процедура во изминатите 10 години. Тој не ги потенцира наведените суми.

– Пакетите се индивидуално ограничени за секое лице кое ќе реши доброволно да се врати во татковината, објасни Морисон.

Тој вели дека бројот на примените барања е зголемен за трипати откако било јасно дека нема да добијат право за постојан престој во Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top