| четврток, 6 декември 2018 |

Босански вахабисти патролираат низ Ирак и се борат за „исламска држава“

Радикални исламисти од Босна и Херцеговина се снимени како возат запленето возило недалеку од местото каде што спроведува терор Исламската држава на Ирак и Левант.

Се претпоставува дека екстремистите од Сирија се префрлиле на новиот фронт во Ирак.

Според снимките објавени на сајтот LiveLeak, екстремистите се возат со воено возило кое есктремистите го заплениле од ирачката војска, а кое е од американско производство. Станува збор за воена верзија на автомобилот „хамер“, популарното „хамви“, со чија заплена особено се гордеат екстремистите, токму затоа што е подарок од САД за ирачката војска.

Снимката се појави на интернет само неколку дена откако терористичката Исламска држава на Ирак и Левант преку интернет повика нови членови да им се придружат во „светата војна“.

Пораката доби поддршка од радикали од целиот свет, меѓу кои и Косово и Хрватска. Претходно, и Македонец беше снимен како со поголема група екстремисти се откажува од својот пасош и го менува за припадност кон „исламската држава“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top