Точно 25 жени и еден маж од Струмица во првите шест месеци од годинава пријавиле случаи на семејно насилство, инфоримираат од локалниот центар за пријавување семејно насилство. Според нив, трендот на семејно насилство во овој град оди во нагорна линија, бидејќи во 2013 година имале забележано само 37 случаи на семејно насилство. Од нив, 24 лица побарале правен совет од адвокат, а во 13 случаи била иницирана соодветна постапка за правна заштита – пишува Нова Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.