| четврток, 6 декември 2018 |

Русија мобилизираше 65 илјадна војска со десантни единици

Рускиот претседател Владимир Путин одлучи да одржи ненадејна целосна инспекција на борбената готовност на целиот состав на Централниот воен округ, пренесе Лента.ру. Проверката ќе трае од 21 до 28 јуни, соопшти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Во исто време Москва и проруски сепаратисти во Украина го  отфрлија најавеното од украинскиот претседател Петро Порошенко еднострано примирје, бидејќи тоа повеќе личи на ултиматум. ”Во согласност со наредбата на претседателот од денес војниците од Централниот воен округ, како и воените единици, распореди на негова територија, се доведуваат во целосна борбена готовност “, изјави Шојгу. Неколку ракетни рампи  и анти-воздучни  ракетни комплекси, распоредени се  на територијата на Урал и Западен Сибир, кои исто така се доведуваат во таква подготвеност. Во рамките на ненадејната проверка на боевата готовност на војниците во Централниот воен округ ќе учествуваат 65 000 војници и околу 5500 единици вооружување и воена опрема, како над 180 авиони и 60 хеликоптери.

Тие ке одработувате различни задачи, вклучувајќи и спроведување на инвазија. 98-та дивизија од воздушнодесантните војници ќе бидат префрлени од Иваново во Челобинска област на оддалеченост повеќе од 1.500 километри и ќе изврши десант  на Чебаркулскиот полигон.

Во  меѓувреме тензиите меѓу украинските воени и проруски сепаратисити  не се намалија и покрај најавеното од претседателот Порошенко еднострано примирје до 27 јуни. Според зборовите на Порошенко “тоа се прави со цел активистите да можат да го положат оружјето, а оние кои нема да  го сторат, ќе бидат уништени”, соопшти ИТАР-ТАСС. Москва и проруски активисти сепак реагираа негативно на прекинот на огнот.

“Прогласен од Порошенко едностран прекин на огнот повеќе личи на ултиматум кон сепаратиситите  од Југоисточна Украина”, изјавија од прес-службата на Кремљ. ”Првичниот анализа, за жал, покажува дека тоа не е покана за мир и преговори, туку ултиматум кон сепаратисите во Југоисточна Украина да го положат оружјето. Сеуште отсуствува главниот елемент – предлогот за започнување на преговори “, констатира Кремљ.

Вчера сепаратиситите  го  прогласија за лага примирјето. Во Донецк локалниот лидер Павле Губарев изјави дека “се пука постојано” и дека ветувањето од Порошенко  за прекин на огнот е лага. Според портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана Виктор Чеповој ноќе како резултат на бомбардирањето биле повредени 9 украински војници од силите за безбедност, од кои тројца се во тешка состојба. Вчера во Донецк имаше престрелки меѓу сепаратисиите  и активисти на “Десно сектор” , а се јавува и за други инциденти.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е загрижена од интензивираната украинската воена операција покрај мировниот план.  .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top