| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Хрушчова: Односот меѓу САД и Русија да го реши Шварценегер

Arnold Schwarzenegger at the EU Commission in Brussels

Американскиот глумец со австриско потекло Арнолд Шварценегер би требало да биде следниот амбасадор на САД во Москва, предложила правниката на премиерот на поранешен СССР Никита Хрушчов, Нина Хрушчова.

Поранешниот гувернер на Калифорнија, според неа, би можел да ги намали тензиите меѓу Русија и Западот околу украинската криза, пренесува Ројтерс.

Таа, како што пишува виенскиот дневен весник Естерајх, истакнала дека Шварценегер ги има сите квалитети кои рускиот претседател Владимир Путин длабоко ги почитува.

Хрушчова во својот блог укажала дека Шварценегер веќе се докажал, како гувернер на Калифорнија, и како политичар.

„Тој е холивудски глумец, а Путин ги сака ѕвездите”, истакнала Хрушчова. „Тој зборува и германски, а Путин за време на работењето за разузнувачката служба го учел германскиот јазик, па би можеле да разговараат на тој јазик на многу теми, како на пример жените, бидејќи двајцата додека биле во брак имале афери”.

Актуелниот амбасадор Мајкл Мек Фол, со својот научен пристап, смета правнуката на Никита Хрушчов, често ги попречувал дипломатските односи меѓу Вашингтон и Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top