| четврток, 6 декември 2018 |

Поливалентни вакцини во земјава од втората половина на 2015 година

vakcina

На седницата на Владата која се одржа вчера се донесоа потребни одлуки со кои почнува процедурата за набавка на поливалентни вакцини за што државата ќе вложи 380 милиони денари. Вакцините треба да пристигнат во вториот квартал од идната година.

Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски, кој рече дека на седницата поминале повеќе точки од областа здравството за поголем број работи кои беа ветени во текот на изборите во нивната партиска програма и во владината програма што ја доставил до Собранието кое ја усвои.

– Процедурата за набавка трае околу една година и тие се дел од  изборните ветувања. Ние го ветивме тоа на граѓаните и веднаш на правата владина седница вчера ги донесовме потребните одлуки. Вакцините ќе помогнат затоа што ќе се намали бројот на боцкање на деца до двегодишна возраст од 13 на седум, посочи Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи за изградба на ПЕТ-Центарот во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.

Премиерот нагласи дека ќе се намали бројот на ситни компликации кои се јавуваат некогаш при вакцинирањето, ќе се намали бројот на посети на лекар, односно земање и узурпирање на времето на лекарите кои можат за нешто друго да го искористат.

– Ќе биде од голема корист за сите. Тоа беше наше ветување и тоа го испонуваме, додаде премиерот Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top