Премиерот Никола Груевски во врска со вчерашната владина одлука за еднократен отпис на долговите истакна дека се цврсто одлучени проектот да го завршат на време онака како што го ветиле.
-На првата седница, прва точка што ја разгледувавме беше токму овој проект, затоа што знаеме дека има огромен број на граѓани кои го очекуваат овој проект, има и дел од граѓаните кои не веруваат дека ќе се реализира и затоа сакаме што побрзо да се донесе и што побрзо да им се помогне на огромен број на граѓани. Според некоја проценка станува збор помеѓу 50-100.000 граѓани. Точната бројка не може да се каже во овој момент, меѓутоа отприлика станува збор за таа бројка на луѓе кои потенцијално може да се пријават, бидејќи доброволно е. Во случај некој да ги исполнува условите, а да не се пријави нема да може да ги искористи бенефитите од еден ваков проект, нагласи Груевски.
Премиерот потсети дека станува збор за еднократен проект и е директно поврзан со светската и европската економска криза која полека спласнува. Тој очекува проектот кон крајот на оваа година целосно да заврши.
Владата, додаде премиерот, преку јавните гласила ќе се обиде максимално да ги информира граѓаните за деталите и постапките.
-Во овој период додека Парламентот не го усвои законот, граѓаните не треба ништо да прават, освен да се запознаат со деталите на постапката, за што секако ние како државни институции ќе помогнеме во информирањето, но веднаш по стапувањето на Законот на сила, роковите се 30 дена и тогаш секој граѓанин ќе треба да ги достави документите, а за што е потребно во овој период добро да се информираат за да може после веднаш да ги достават документите. Овој рок е даден затоа што сакаме побрзо да се заврши бидејќи многу луѓе имаат товар, не можат да издржат подолг период со толку неплатени сметки и затоа ставаме кратки рокови за луѓето со таков товар да се растеретат, нагласи Груевски.
Отписот на долговите се однесува за долгови заклучно со 31.12 2013 година кон ЕВН, долгови за топлинска енергија, долгови од кредитни картички, радио-дифузна такса, и трошоци за нотар и извршители за предмети поврзани со истите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски