| четврток, 6 декември 2018 |

Проститутките од Бразил незадоволни

 прости

Масовно незадоволство се подига во Бразил против Светското фудбалско првенство. И тоа доаѓа од … локалните проститутки. Тие се незадоволни од прометот кој го заработуваат, бидејќо очекувале многу повеќе пари.

Во извештајот на “О ‘Глобо”, локални проститутки се жалат дека странците воопшто не одат кај нив и мора да се потпираат на локалниот контингент од клиенти, на кој се потпираа и претходно.

Проблемот е, меѓутоа, дека и на Бразилците веќе им е скапа љубовта, бидејќи посебно поради Светското, проститутките ги подигнале повеќе од три пати цените и, според нивните зборови, работат со загуба.

Свештеничките на љубовта се жалат дека странските туристи ги трошат нивните пари за пиење, храна и билети за натпревари, а не за галење . Таквото однесување е забележано и кај локалните жители.

Според признанијата на проститутките, единствените странци кои си дозволиле да уживаат во нивните услуги, се само Германците. Но и тие не биле така ентузијасти, иако располагале со најмногу пари од сите туристи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top