| четврток, 6 декември 2018 |

Фото и видео: Македонци најдобри на мини ЕП во Бразилска Џиу-џица

Македонскиот Џиу-џица тим „The Strongest“ составен од 16 млади спортисти изминатиов викенд го освои најпрестижното првото место, за најдобар тим на мини ЕП на кое учествуваа 36 тимови

dziu dzica

Македонскиот тим беше дел од 8 финални борби од кои освои 4 златни, 4 сребрени медали и 4 бронзени медали.

Успехот ќе беше уште поголем доколку девојките од овој тим се бореа против противници од ист ранг, но бидејќи немаше доволен број на женски натпреварувачи тие мораа да се борат против противници кои беа со повисоки појаси (плав и виолетов појас) и со многу поголемо искуство.

dziu dzica2

Исто така борци од „The Strongest“ загубија и борби кои беа со судска одлука (нерешен резултат).

Во финалето за бели појаси се најдоа Мики Стоиљковиќ и Стефан Митров од нашиот тим и во договор со двајцата одлучено беше Мики, како поискусен  и постар член да биде прво место, а Стефан да биде второ место.

dziu dzica1

Во борбите во апсолутна категорија Давид Ровчанин имаше 3 победи (3 борби за кратко време), а поради замор (по 6 победи во катергорија и во апсолутна категорија) ја предаде борбата и не се најде во финалето.

medali-500

 

Еве ја листата на тимовите кои освоија поени (вкупно имаше 36 тимови од цела Европа)

1. ROOTS BJJ MACEDONIA 62 PTS.

2. AKXE BJJ AUSTRIA 54 PTS.

3. RIO GRAPPLING CLUB 38 PTS.

4. LEO NEVES OSIJEK 35 PTS.

5. WERDUM COMBAT CROATIA 33 PTS.

6. GRACIE BARRA HUNGARY 30 PTS.

7. ALLIANCE BLACK DRAGON SPLIT 28 PTS.

8. CARLOS MAIA SLOVENIA 28 PTS.

9. LUTADOR ŽERJAL TEAM SERBIA 27 PTS.

10. CHECKMAT ZADAR 24 PTS.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top