Комбинацијата на театарски талент со неверојатни вокални вештини, покажа дека новиот фронтмен на Квин Адам Ламберт е достоен наследник на Фреди Меркјури. 31-годишниот пејач, кој смени голем број кожени костими со бели панталони и дури и костум со животински принтови, ги иаполни некои од најпознатите песни на групата, вклучувајќи ги We Are The Champions и The Show Must Go On.
Иако Ламберт имаше централна улога во шоуто, групата не пропушти да му оддаде почит на Меркјури, посветувајќи му ја песната These Are The Days Of Our Lives, додека на екранот се појавија фотографии од раните години на Квин. Потоа тапанарот Роџер Тејлор отсвири заедно со својот син заедничко парче наречено Rufus Tiger Taylor.
Квин и Адам Ламберт не само што успеаја да направат рок шоу, достојно да влезе во учебниците по историја, но и го докажаа своето место во музичката индустрија. “Боемска рапсодија” беше скапоцен камен во круната на гламурозна вечер, по што обожавателите на Квин се прашуваа дали групата ќе го искористи импулсот, кој им го даде Ламберт, за да сними нов албум
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.