| четврток, 6 декември 2018 |

Сунитски екстремисти во Ирак зазедоа граничен премин, загинале 30 војници

суни

Сунитски екстремисти го заземале преминот на ирачко-сириската граница, а во судирите, кои траеле цел ден, загинале околу 30 ирачки војници, соопштија безбедносните сили.

Официјални претставници соопштија дека припадници на групата Исламска држава во Ирак и Левантот го заземале преминот во близина на пограничниот град Каим, на околу 320 километри западно од Багдад, по целодневните судири со ирачката војска.

Претходно било објавено дека во судирите со екстремистите загинале 34 ирачки војници.

Очевидци тврдат дека цели семејства вчера почнале да го напуштаат Каим.

Властите во Багдад се обидуваат да ја спречат офанзивата на сунитската група ИДИЛ, која за само неколку дена минатата недела зазеде една ирачка провинција и голем дел од уште три други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top