| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети три килограми марихуана

marihuana

Жител на тетвоско Боговиње била фатен со три платтени кеси во кои имало марихуана.

По претходно обезбедени сознанија за можна трговија со наркотички средства, завчера околу 23 часот на локалниот пат Боговиње-Камењане, во  непосредна близина на добиточниот пазар во Боговиње, приведен бил 26-годишниот С.И. од Боговиње. При приведувањето од полициски службеници на СВР Тетово, кај него е пронајдена и одземена платнена торба, во која имало четири најлонски ќесиња со непозната зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана со вкупна тежина од околу три килограми.

Пронајдената тревкаста материја е фотодокументирана и е испратена за вештачење, додека С.И  е задржан а по завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top