Трговијата со новороденчиња во целиот свет, па така и на Балканот, се претвора во сериозна работа. Едно новороденче во Србија “чини“ 15.000 евра.
Годишниот извештај на Обединетите нации околу трговијата со луѓе за 2012 година ја предупредува светската јавноста дека ова кривично дело станало глобален феномен и сериозна работа, бидејќи во таа работа се “вртат“ повеќе од 32 милијарди долари годишно. Половина од овој “годишен прилив“ на трговците со луѓе, го чинат продажбите на децата и бебињата.
“Во светот повеќе од 2,5 милиони луѓе од 136 земји се жртви на трговија со луѓе. Од попатна станица на трговци Србија станува крајно одредиште на жртвите. До септември 2012 година, регистрирани се 54 српски граѓани кои се жртви на трговија. Од нив една третина се деца и бебиња“, предупредува криминологот Душан Давидовиќ.
Европската хуманитарна организација тврди дека трговијата со новороденчиња цвета на Балканот.
Покрај САД, Кина, Русија, Грција, Бугарија, Романија, Египет, Нигерија и во Србија едно бебе се продавало за околу 15.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Столе Стоилов, Катарина Ивановска, Ана Бунтеска , Едина Муса…се вклучија во борбата против трговија со луѓе
-
Кампања „Отворена порта“: Урнете ја призмата на оправдувањето и информирајте се за трговијата со луѓе!
-
Стјуардеса херој: Спасила 14-годишно девојче од трговци со луѓе благодарение на тајна порака
-
Стјуардеса спасила девојче од трговец со луѓе преку тајна порака