| четврток, 6 декември 2018 |

Руската територија под оган од Украина, САД ѝ се закануваат на Русија

русија

Вчера пограничната служба на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија во Ростовската област соопшти дека граничниот пункт крај Новошахтинск бил нападната со минофрлачки оган од територијата на Украина. Притоа биле уништени објекти и комуникациите на граничниот пункт, а бил ранет еден припадник на царинската служба.

Подоцна ноќта кон саботата бил нападнат уште еден пограничен премин меѓу Украина и Русија, по што група украински граничари побарале помош на руската територија, пренесува Итар-Тасс повикувајќи се на портпаролот на пограничната управа на ФСБ, Василиј Малаев.

– Во врска со настаните од петокот на украинско-руската граница, што резултираше со ранување на руски царински службеник, во Украина е отворена сеопфатна истрага. Сите околности на инцидентот ќе бидат темелно испитани од украинските органи- соопшти во петокот навечер украинската дипломатија.

Украинското министерство, пак, потврди дека во близина на граничниот премин имало судир меѓу украинските сили и проруските бунтовници коишто го заземале пограничниот пункт од украинска страна, но според нив имало само експлозија на мина.

Портпаролот на Истражниот комитет на Руската федерација, Владимир Маркин, пак, изјави дека по бомбардирањето на руската територија е покрената кривична истрага за дело обид за убиство на граѓани.

Подоцна ноќта руската погранична служба објави дека непознати вооружени лица нападнале уште еден пограничен премин, „Изварино” (Украина) – „Донецк” (Русија), при што на руска страна дошле украински граничари кои побарале помош од групата што ги нападнала. Притоа, портпаролот на руската служба Малаев информирал дека меѓу украинските граничари имало ранети.

Медиумите од двете земји јавуваат дека доцна попладнето во петокот во непосредна близина на граничната линија започнале борби меѓу украинските сили и проруските локални милиции.

Се огласи и руското министерство за надворешни работи според кое „станува збор за директна провокација чијашто цел е да не се дозволи остварување на Женевскиот договор за деескалација на внатрешниот украински конфликт” и притоа се наведува дека од украинската страна е побарано објаснување и извинување.

Од друга страна портпаролката на американскиот Стејт департмент, неспоменувајќи ги споменатите инциденти изјави дека САД „располагаат со сопствени информации според кои Русија повторно распоредила воен исили на границата со Украина”, „Руските сили не дошле толку близу украинската територија уште од нивната инвазија на Крим”, рекла Псаки.

Иако Западот кој ги поддржуваше прозападните украински сили во протестите и безредијата со кои беше тргнат од функцијата претходниот украински претседател Виктор Јанукович кој важеше за проруски ориентиран, пред неколку дена изрази задоволство поради повлекувањето на руските единици од украинските граници, генералниот секретар на НАТП Андерс Фог Расмусен во четвртокот ја обвини Русија дека „повторно го засилува” своето воено присуство на границата.

Расмусен рече дека „тоа е желен чекор наназад”, додека Москва одговори дека е изненадена од ваквите тврдења и одлучно ги отфрли обвинувањата.

Сепак, Вашингтон изјави дека Москва сака „да даде активна поддршка на сепаратистичките борци, проруски ориентирани” на истокот од Украина, каде што руската и рускојазичната заедница е доминантна. Покрај тоа, „… натрупани се дополнителни тенкови и артилерија” во руската воена база во југозападниот дел од Русија, изјави Псаки, пренесува AFP.

САД, исто така, ја предупредија Русија дека „нема да трпат присуство, ниту интервенција на руските сили на истокот од Украина.

– Внимателно ја следиме состојбата. Во ниедни услови нема да пифатиме употреба на руските воени сили на истокот на Украина. Немаме никакви докази дека руските воени единици кои доаѓаат на тоа подрачје имаат некаква безбедносна задача – додал Ернст.

Украинскиот претседател Петро Порошенко во петокот објави мировен план кој и до Вашингтон е карактеризиран како амбициозен, за смирување на ситуацијата на прорускиот исток, при што бара полагање на оружјето од страна на локалните милиции или слободно да заминат за Русија, што проруските бунтовници го сметаат за манипулација од страна на Порошенко, а Москва го смета за неубедлив обид за етничко чистење.

Порoшенко во телефонски разговор му го претстави планот на рускиот претседател Владимир Путин, кој од своја страна изрази надеж дека „при реализацијата на мировниот план главното внимание ќе биде насочено кон решавање на проблемите кои се причина за протестите” и бунтот во источна Украина.

Портпаролката на Стејт департментот на САД, пак, изрази задоволство од „едностраното примирје” и ги повика проруските бунтовници и Русија „да бидат партнери” за прекинот на огнот да биде „дејствен и да овозможи смирување на меѓународната криза.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top