Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во централните делови и кон исток со мала до умерена облачност, а кон крајните западни и северозападни делови се уште ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 29 степени.
Утре и во понеделник ќе преовладува претежно сончево време со мала умерена облачност и со пораст на дневните температури.
Преодна нестабилност се очекува повторно во среда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.