| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата го зазеде Лазарат „фабриката за марихуана“

lazaratПо петдневна пресметка со криминалните банди албанската полиција воспостави контрола врз селото Лазарат, познато како фабрика за марихуана.

Во селото повеќе не се слушаат пукотници, но и понатаму продолжуваат претресите на куќите и други објекти во кои полицијата наоѓа скриена дрога.

Полициската статитика, потврдува дека уништени се над 23 тони марихуана и хашиш, околу 80 илјади стебла на ова растение, запленета е поголема количина на оружје, минофрлачи, снајпери, лесни и тешки митралези, антитенковски гранати, откриени четири лаборатории за преработка на дрога, уаспени петнаесетина опасни криминалци.

Дел од нарко босовите сепак успеле да и избегаат на полицијата.

Вредноста на уништената дрога се движи од 37 до 40 милиони евра. Во акцијата на полицијата во селото, кое цели две децении беше нарекувано фабриката за марихуана, република на дрогата, мека на дрогата, беа вклучени илјада полицајци, пет оклопни и 60 други полициски возила, два хеликоптера а во последните два дена од акцијата и италијански карабињери со оклопни возила.

Денеска селото го посети и првиот полицаец Саимир Тахири, кој ги пофали полицјаците за усшено завршената работа, која и покрај тензичната ситуација сепак заврши без жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top