| четврток, 6 декември 2018 |

Настрада мотор пред ТЦ „Бисер“ (Фото)

На булеварот Јане Сандански пред ТЦ „Бисер“, се случи сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотоцикл.
motor biser4 motor biser3 motor biser2 motor biser1
Ваквите слики со доаѓањето на летниот период се се почести на улиците и патиштата низ Македонија. Во насока на превенција и подигнување на свеста, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја прогласи неделата од 16 до 22 Јуни 2014 година како Недела за безбедност на мотоциклистите.

Индикаторите за безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот на патиштата укажуваат на потребата за преземање на една широка и сеопфатна акција за подобрување на нивната безбедност во сообраќајот.

Целта на оваа кампања е подобрување на условите и можностите за рамноправно учество на мотоциклистите во сообраќајот, подобрување на нивната безбедност во сообраќајот, подигање на јавната свест за правилно однесување на мотоциклистите во сообраќајот и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите како ранлива група учесници во сообраќајот.

Во реализацијата на оваа кампања покрај Републички совет вклучени се и Министертство за внатрешни работи, Министерство за локална самоуправа, Агенција за млади и спорт, Заедница на единиците на локалната самоуправа, Град Скопје, Единиците на локалната самоуправа, Светска здравствена организација – Канцеларија во Скопје, Институт за јавно здравје и Мотоциклистичка федерација на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top