
Најмалку 11 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што ги зафатија севрозападните приморски делови на Бугарија, јави БТА.
Во црноморскиот град Варна животите ги загубија десет лица, а три се водат како исчезнати. Бугарскиот министер за внатрешни работи, Цветелин Јовчев, соопшти дека меѓу загинатите има и две деца.
Јовчев нагласи дека ситуацијата со поплавите во Бугарија постепено се стабилизира, но дека и натаму останува критична.
Спасувачките екипи работат во сите поплавени подрачја, а експертите сѐ уште ја проценуваат состојбата која за сега има трагични последици, нагласи Јовчев.
Делови на Бугарија последниве денови се зафатени од поројни дождови и град, кои предизвикаа и повеќе дефекти во електропреносниот систем поради што илјадници лица остнаа без електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Меѓу првите жртви, мајка и бебе: Ураганот Флоренс сруши дрво врз нивната куќа


