„Забранета планета“ е трет албум на „Bernays Propaganda“ и ќе се појави на 26-ти февруари на винил и компакт диск, а во март и на касета!
На 15-ти февруари, нивните фанови имаа можност бесплатно да го симнат албумот преку нивниот bandcamp профил.
Концертната промоција на „Забранета планета“ е закажана на 1-ви март во МКЦ Скопје, кога ќе настапат и Culture Development, Molokai и SIZ.
Картите се веќе пуштени во предпродажба во Југотон и МКЦ по цена од 200 денари. На врата истите ќе чинат 250 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



