| четврток, 6 декември 2018 |

Ги заклал жената и ќерките, па заминал да гледа фудбал

ubistvoitalija

Еден Италијанец ја шокираше светската јавност со ладнокрвниот потег, кога си ги закла жената и двете мали ќеркички, па заминал да гледа фудбал.

Карло Лизи (31), направи трикратно убиство во близина на Милано. Тој ги закла сопругата Кристина (38) и нивните две ќерки на возраст од 5 години и 20 месеци.

Откако ги извршил свирепите убиства, заминал во паб да го гледа натпреварот помеѓу Италија и Англија на СП во Бразил.

-Децата ги убил на спиење. Сопругата ја убил со нож додека гледала телевизија. Потоа отишол кон пабот, а по пат го фрлил ножот со кој се извршени убиствата – велат од полицијата.

Неверојатно, но кога се вратил дома се јавил во полиција и пријавил дека некој му го убил семејството, глумејќи дека е во шок.

При испрашувањето во полициската станица, тој признал дека самиот ги извршил грозоморните убиства, затоа што е заљубен во друга жена.

Додал дека мислел оти тоа што гледал натпревар во бар ќе му послужи како алиби за овој чин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top