| четврток, 6 декември 2018 |

Конкурс за најдобар расказ за Живко Чинго

zivko

Општина Охрид денеска го распиша годинашниот конкурс за најдобар расказ за Живко Чинго, што по 26. пат го доделува на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Право на учество имаат сите полнолетни граѓани на Република Македонија, а најдобриот расказ ќе биде награден со 30.000 денари.

Краен рок за доставување на трудовите е 20 јули, додека резултатите од жирито ќе бидат објавени на 31 јули.

Наградата за најдобар расказ за Живко Чинго ќе биде врачена на 13 август на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ во охридското село Велгошти – родното место на писателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top