
Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, се сретна со новиот амбасадор на Народна Република Кина, господин Зеншун Вен.
На средбата градоначалникот Трајановски му посака добредојде на новиот кинески амбасадор, со убедување дека за време на неговиот мандат во Република Македонија ќе се продлабочат врските меѓу збратимените градови Скопје и Нанчанг.
Амбасадорот Вен Зеншун ја потенцираше својата мисија во промовирањето на билатералните односи на Народна Република Кина и Република Македонија и изрази подготвеност да помогне и во јакнење на соработката на двата збратимени града.
На средбата градоначалникот Трајановски го запозна амбасадорот Зеншун Вен со историјата на градот Скопје, а зборуваше и за проектите на кои тој е фокусиран и кои се од приоритет за градот Скопје.
Амбасадорот Зеншун Вен истакна дека како голем пријател на Република Македонија и на градот Скопје ќе ги искористи сите можности да лобира за што подобро промовирање на градот Скопје и Република Македонија во Народна Република Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


