Oваа недела, 22 јуни, со почеток во 20 часот, во спортскиот центар „Форца“, ќе се одржи хуманитарен мини-турнир во одбојка на плажа. Ќе учествуваат познати водителки, актерки и новинарки од Македонија, Марјана Станојковска, Власта Ружиновска, Бона Пауновска, Ана Стојановска и многу други.

За регуларноста и фер победа ќе се погрижат водителот на ток шоуто „Еден на еден“, Жарко Димитриоски, и легендата на спортското новинарство, Атанас Костовски.
Турнирот е во организација на „Гуте фрухте“ и Црвениот крст на град Скопје. Ќе се донираат речиси еден тон сокови за ранливите категории на население, бездомници и социјално загрозени семејства, а со настанот ќе започне и седуммесечниот проект на Црвениот крст поддржан од „Гуте фрухте“ – „Создаваме заедно”.
Преку истиот, меѓу другото ќе се донира и специјална компјутерска опрема за училиштето за слепи и слабовидни лица „Димитар Влахов”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


