Велерва е последен ден од Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој ја најави следнава филмската програма:
20 ЈУНИ
10.30 часот, Младински културен центар
Утринско доку-кафе со Небојша Слијепчевиќ и Вања Јамбровиќ
11.00 часот, Куршумли-ан
Работилница на продуцентот Катриел Шори, Израел
Во рамките на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, Агенцијата за филм на РМ организира мастерклас на тема Продукција, предводен од страна на продуцентот Катриел Шори.
Катриел Шори, под чиј потпис стојат над 200 долгометражни филмови, ТВ драми и меѓународни копродукции, ќе го сподели своето искуство со сите фестивалски гости и заинтересирани продуценти од Македонија во двочасовно предавање. Кетриел во 1999 година ја презема улогата на извршен директор на Израелскиот филмски фонд и оттогаш активно го поддржува и унапредува израелскиот долгометражен филм.
Влезот е отворен за сите заинтересирани.
12.00 часот, Младински културен центар – Џепно кино
„Гангстер те сака“ – Небојша Слијепчевиќ, Хрватска/Германија/Романија
Пред четврт век, Недељко Бабиќ, дотогашен столар, решил дека ќе го работи она за што има дарба. И станал стројник. Набрзо стекнал широка популарност, пред сè поради својата способност и препознатливите очила за сонце, но и поради прекарот – Гангстер. Кога ќе го ангажира убавата и млада Маја, инаку самохрана мајка од Бугарија, тој е сигурен дека го чека лесна работа. Но преку низа комични катастрофални состаноци со потенцијални среќници, филмот ја открива трагичната апсурдност на традиционалниот маж во современото општество: тврдокорниот конзервативизам е подлабок и од осаменоста и очајот да се најде она по што најмногу се копнее.
18.30 часот, Куршумли-ан
„Под смоква“ – разговор со Ноеми Шори и Катриел Шори
19 часот, Младински културен центар – Џепно кино
„Татко и син“ – Павел Лозински, Полска
Двајца режисери, две камери, едно патување. Ги поврзува исто презиме, иста професија и длабок сложен однос исполнет со нерасчистени прашања. Двајца признати режисери тргнуваат на патување со автомобил низ Европа. По долгогодишно снимање документарни приказни за другите, тие смело ја свртуваат камерата кон себе. И се обидуваат да ги најдат одговорите.
„Јоана“ – Анета Копач, Полска
Во океанот од блогови, еден отскокнува – блогот на Јоана. Многумина го следат зашто таа ги учи како да бидат обѕирни и ведри. Нејзините записи неверојатно искрено и верно го отсликуваат нејзиното секојдневје, полно мали едноставни нешта кои ѝ носат радост. Болна од неизлечлива болест, Јоана му ветува на сина си дека ќе се обиде да поживее што е можно подолго. Па ги запишува сите оние нешта што мисли дека треба да му ги пренесе кога ќе биде голем. Ова е приказна за блиските семејни односи, за нежноста, љубовта и обѕирноста кон другите, раскажана со малку зборови и извонредна визуелна поетичност.
20 часот, Куршумли-ан
Доделување на наградите на петтото издание на „Македокс“ во категориите „Кромид“ – за најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма, „Кокарче“ – за најдобар филм за деца и млади, „Млад кромид“ – за најдобар филм на нов автор и специјалната награда за филм со најдобри Етички идеи.
21 часот, Куршумли-ан
„Среќа“ – Томас Балме, Франција/Финска
Во 1999 година, тогашниот крал на Бутан се прославува со објавата за воведување телевизија и интернет, со што Бутан ќе влезе во нова ера. Една деценија подоцна, далечното планинско село Лаја сè уште е без струја. Пејангки е деветгодишно осамено момче кое сонува за светот во форма на телевизиски екран. Помеѓу молитвата и учењето, тој гледа како градот го окупираат електрични кабли и асфалтирани патишта. Кога чичко му ќе го однесе во главниот град за да купат телевизор, пред него се отвора свет полн со автомобили, тоалети и кукли во излозите.
Овој филм прекрасно ја доловува невината убавина на вчудовидените лица додека старомодниот живот полека исчезнува заведен од технологијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија