| четврток, 6 декември 2018 |

Книгите на „Три“ летово ќе се продаваат и на плажата „Куба либре“ во Охрид

И оваа година Издавачки центар ТРИ ќе се погрижи читателите да имаат лето за паметење. Од 20 јуни до 20 август ќе понудиме многу нови наслови, попусти до 70%, најдобрите и најпродаваните автори од македонската и од светската книжевна сцена, како и можност да се ужива во книга под ведро него.

Им нудиме вистинско летно освежување на своите читатели. Тие ќе имаат можност да уживаат во новите наслови: Роман за прељубата од хит-авторката Исидора Бјелица, нестрпливо очекуваната Патот кон величественоста од добро познатиот Робин Шарма, Човековото тело од извонредниот Паоло Џордано, Бело-црвен свет од Дорота Масловска, младата авторка која ја размрда светската книжевна сцена со смелиот израз и контроверзноста, како и романот Љубов од Лоранс Плазне, добитник на Европската награда за литература.

Покрај новите наслови, богатата понуда ги вклучува и другите наши бестселери и најбарани наслови, сите со попуст до 70%!За вистинско летно уживање, оваа година ТРИ ја отвора и својата прва книжарница под ведро небо. На плажата Куба Либре во Охрид, ќе имате можност да поминете летен одмор каков што отсекогаш сте замислувале – убава плажа, жешко сонце, студен коктел и добра книга в рака!

Ние сакаме да ги направиме книгите достапни за секого. Без разлика каде и да се, нашите читатели ќе имаат можност, освен во книжарницата ТРИ во ГТЦ – Скопје и на плажата Куба Либре во Охрид, да ги порачаат своите летни фаворити и онлајн преку www.kniga.mk и да ги добијат на рака!

 

Со богатата понуда, одличните наслови по достапни цени, како и со пристапноста до книгите, веруваме дека на читателите ќе им овозможиме вистинско освежување и лето за паметење!

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top