Ибрахим Туре, помладиот брат на Јаја и на Коло Туре, почина вчера во Манчестер на 28-годишна возраст.
Најмладиот од браќата Туре, исто така, беше професионален фудбалер, а настапуваше за египетскиот тим Ел Макаш.
– Коло и Јаја само што дознаа за смртта на нивниот помлад брат, Ибрахим Туре. Целата делегација од Брегот на Слоновата Коска им дава голема поддршка на своите репрезентативци. Претседателот на Сојузот и членовите на репрезентацијата ќе бидат со семејството Туре во овие тешки моменти – пишува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.