| четврток, 6 декември 2018 |

Актерката Емра Кутришова вратена од патувањето за Германија

куртишова

Актерката Емра Куртишова, вработена во Театарот за деца и младинци во Скопје, била спречена да отпатува кај нејзината сестра во Германија откако вработен на пасошка контрола ја поништил нејзината карта и не ѝ дозволил да го продолжи своето патување. Ова го објави Куртишова на својот профил на „Фејсбук“.

– Денес требаше да патувам кај сестра ми во Констанц – Германија, од потребна документација имав потврда од работа, гарантно писмо во кое беше наведено дека финансиски ќе ме издржува таа (копија, бидејќи градот каде што живее сестра ми не издава гарантни писма, но имаше печат од градот) и 500 евра во кеш. Вработениот на пасошка контрола процени дека не е валидно гарантното писмо, па му ја дадов потврдата од работа, се подзамисли, па ме праша каде се наоѓа Театар за деца и младинци, му објаснив… Потоа ме праша дали имам пари, му ја кажав сумата и ми рече дека тоа не е доволно, во истиот момент стана и ме однесе во просторија за да ја поништи картата и направи копија од пасошот, ме симна долу и ми рече да си го пречекам багажот. Бев единствената што ја вратија! Па луѓе, зошто јас имам пасош кога не смеам да излезам од државава – раскажува Куртишова.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека таа била вратена од патувањето бидејќи немала доволно пари за предвидениот престој, како и несоодветно гарантно писмо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top