| четврток, 6 декември 2018 |

Борба со здодевните комарци: звучи смешно, но дејствува

komarci

Летото и топлото време за многумина е омилен период од годината. Но, во лето има еден недостаток – здодевните комарци. Има неколку начини како да ги ублажите нивните убоди, и тоа многу успешно, колку и да изгледа смешно.

Мраз

Помага на два начина – како антихистамин, го намалува отокот, но и јадежот.

Топли облоги

На местото на убодот ставете топла облага. Дејствува како и мразот, но и плус ги отвора порите, па тоските кои ги предизвикуваат чешањето „заминуваат“.

Сода бикарбона

Содржи алкална компонента која го неутрализира балансот на кожата. Ставете сода бикарбона на местото на убодот и ќе ги намалите и отокот и јадежот.

Паста за заби

Ментолот од пастата за заби ја лади кожата. Нанесете малку на местото на убодот и оставете да дејствува додека не се исуши. Потоа исплакнете со вода.

Дезодоранс

Алуминиум хлоридот што се наоѓа во дезодорансот ќе ги извлече влажноста и отровот од местото на убодот.

Чај

Ставете влажна вреќичка зелен или црн чај на местото каде што ве каснал комарецот.

Лук

Како природен атнтибиотик, втријте свеж лук на местото на убодот. Ќе ги отстрани сите бактерии што предизвикуваат јадеж.

Оцет

Се препорачува јаболков оцет. Ставете малку оцет на парче памук и втријте на местото на убодот.

Мед

Ставите малку мед на местото каде што е убодот и својствата на медот ќе ја спречат инфекцијата, ќе ги намалат пецкањето и чешањето.

Свеж босилек

Втријте свеж босилек на местото на убодите од комарец. Сигурно се намалува здодевното чешање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top