СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.К.(19) и П.С.(17) ученик во гимназијата „Климент Охридски“, двајцата од Охрид за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
На 2 јуни годинава, околу 16:00 наспроти охридската гимназија „Климент Охридски“ а ул. „Димитар Влахов“ за време на големиот одмор, по меѓусебна расправија настанала тепачка помеѓу пријавените и А.В(18) од Охрид, ученик во наведената гимназија, во која си размениле по неколку удари во пределот на главите и телата, при што на А.В. му нанеле повреда во пределот на носот.
На А.В. му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Охрид каде е констатирана тешка телесна повреда-скршеница на носот и истиот е задржан на лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


