| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе имаме ли подобро време до крајот на јуни?

Конечно му се гледа крајот на врнежливото и релативно свежо време, велат од специјализираниот веб-сајт за временска прогноза „Метеопро“.

Со почетокот на викендот ќе почне и трендот на затоплување, но и на подобрување на метеоролошките услови. Сепак, и в сабота ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Од недела, па сѐ до половината на наредната недела ќе преовладува стабилно и потопло време. Температурниот максимум ќе биде во пораст, иако нема да можеме да кажеме дека ќе настапи жешко време.

Од последните прогнози, постепен пораст на температурата на воздухот ќе има сѐ до среда, 25 јуни, а потоа се очекува мал пад на температурата, но краткотраен. Со овој пораст на температурата, максималната во првата половина од новата недела ќе има вредност околу 30°С, а во југоисточниот предел околу 33°С.

Како што споменавме, во поглед на временските услови, од недела се очекува стабилно и претежно сончево време. Постои мала веројатност во втората половина од наредната недела да има појава на краткотрајна и локална дестабилизација на атмосферата, но без најава за поголемо влошување на времето.

Повеќе детали на „Метеопро“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top