| четврток, 6 декември 2018 |

Последен ден на фестивалот „Македокс“

unnamed

Денеска, 20 јуни е последниот ден на фестивалот за докуметарни филмови „Македокс“. Во 12 часот во МКЦ во Џепното кино се прикажува „Гангстер те сака“ на Небојша Слијепчевиќ, во Куршумли-ан (18.30 часот) разговор „Под смоква“ – разговор со Ноеми Шори и Катриел Шори. Во 19 часот во МКЦ ќе се емитува „Татко и син“ од Полјакот Павел Лозински.

Во МКЦ ќе се прикаже и „Јоана“ од Анета Копач од Полска кој говори за блогот на Јоана. Многумина го следат зашто таа ги учи како да бидат обѕирни и ведри. Нејзините записи неверојатно искрено и верно го отсликуваат нејзиното секојдневје, полно мали едноставни нешта кои ѝ носат радост. Болна од неизлечлива болест, Јоана му ветува на сина си дека ќе се обиде да поживее што е можно подолго. Па ги запишува сите оние нешта што мисли дека треба да му ги пренесе кога ќе биде голем. Ова е приказна за блиските семејни односи, за нежноста, љубовта и обѕирноста кон другите, раскажана со малку зборови и извонредна визуелна поетичност.
Во 20 часот, во Куршумли-ан ќе се доделат наградите на петтото издание на „Македокс“ во категориите „Кромид“ – за најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма, „Кокарче“ – за најдобар филм за деца и млади, „Млад кромид“ – за најдобар филм на нов автор и специјалната награда за филм со најдобри етички идеи.
Фестивалот се затвора во 21 часот, во Куршумли-ан со прикажување на „Среќа“ – Томас Балме, Франција/Финска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top